Новости

Фудбал

Коронавирус и во Баерн Минхен!

Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри е позитивен на коронавирус и ќе го пропушти натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, соопшти германскиот клуб. Клубот наведе дека Гнабри се чувствува добро и без никакви симптоми во моментот се наоѓа во самоизолација во својот дом. Тој е првиот играч на минхенски Баерн кој е позитивен на коронавирусот. Гнабри, покрај натпреварот против Атлетико, ќе го пропушти и претстојниот натпревар против Ајнтрахт во Бундеслигата. Гнабри беше стартер на сите досегашни натпревари сезонава во германскиот шампионат, а постигна и хет-трик на отворањето на сезоната против Шалке.

GOLD
To Top