Новости

Фудбал

Кој го протера Озил од Арсенал?

Месут Озил не е меѓу фудбалерите на Арсенал кои се регистрирани за Премиерлигата и Лига Европа. Менаџерот Микел Артета не го вклучи во тимот својот најплатен фудбалер и јасно му даде идеја што треба да прави. Германскиот играч за врска е отпишан веќе неколку месеци. „Топџиите“ сакаат да се ослободат од него, но тоа не оди баш како што замислуваа. Озил заработува околу 20 милиони евра годишно и сигурно е дека не постои друг клуб кој на својот платен список сака да додаде толку голем трошок. Откако дозна дека е целосно отпишан, Озил се огласи со порака дека „досега молчеше, но веќе нема“. За сето тоа се огласи и Артета. „Ситуација околу него не е нова. Атмосферата откако дојдов во Арсенал е доста тешка. Многу работи се влечат веќе осум години. Го сакав најдоброто за него и неколку пати бевме на чекор да се зближиме, но се се враќаше на старо кога морав да не го вклучам во тимот. Тоа нема никаква врска со однесувањето или намалување на платата. Тоа не е точно. Вработен сум како менаџер, да победувам и да ги носам најдобрите одлуки за клубот. Месут ја имаше својата шанса како и сите други, но јас гледам секојдневно што играчот може да му донесе на тимот. Ја донесов таа одлука да не биде во тимот и мојата совест е чиста.“ – вели Артета.

GOLD
To Top