Новости

Фудбал

Куман застана во одбрана на Меси

Роналд Куман на прес конференција требаше да го најави дербито на Ла Лига, натпреварот од 10. коло помеѓу Атлетико и Барселона, но за новинарите поинтересни беа други теми. За почеток, наводната расправија помеѓу Меси и Гризман. Тренерот на Барселона застана во заштита на капитенот, кого новинарите веднаш по враќањето од репрезентативната пауза го дочекаа со прашања за Гризман. „Го разбирам Меси и неговата реакција на тоа. Личностите како што е тој мора повеќе да се почитуваат. Го велам тоа бидејќи новинарите по толку долгото лето го испрашуваат за Гризман, тоа е непочитување. Помеѓу нив нема никакви проблеми. Морам да го бранам Лео, бидејќи по 15 часа патување го дочека маса на новинари кои поставуваа многу прашања.“ – вели Куман, кој на наредното прашање дали Меси ќе си замине од Барселона, одговори доста нервозно. „Не, и на тоа веќе нема да одговарам. Меси има договор со Барселона и мислам дека мора да остане овде, но не сум јас тој кој треба да го увери во тоа. Никој не знае што ќе се случи во иднина. Неверојатно е тоа што тој го направи за Барселона и самиот тој мора да донесе одлука за неговата иднина.“

GOLD
To Top