Новости

Фудбал

Лече го обнови интересот за Илија Несторовски

Италијанскиот второлигаш Лече го обнови интересот за македонскиот репрезентгативец Илија Несторовски, пренесуваат италијанските медиуми. Овој клуб го бараше Несторовски и пред да потпише за Удинезе, а сега е добра опција за напаѓачот кој се рехабилитираше од сериозната повреда на коленото и сега чека шанса за настап од клупата.

За Несторовски постои интерес и од Парма, а многу лесно би можел да замине во јануари, со оглед дека неговиот актуелен договор има важност до крајот на сезоната.

Последни Македонци кои настапуваа за Лече беа Бобан Николов и Леонард Жута.

Евротип
SNBROKER
To Top