Новости

Фудбал

Липи: Јуве е на нивото на Баерн, Реал и Барса

Легендарниот фудбалски стратег, Марчело Липи, потенцира дека неговиот некогашен состав, Јувентус, може рамноправно да им парира на гигантите од типот на Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

„Екипата сега има поголема самодоверба. Нивниот прогрес во Италија беше фантастичен, но, тие скокнаа и на интернационално ниво и се доближија до Барселона Реал Мадрид и Баерн Минхен“ вели Липи.

„Јувентус секогаш имал одлични дефанзивни фудбалери а сега со последните засилувања драстично го подобрија и нападот“ – потенцира Липи кој во моментов ја има селекторската позиција во Кина.

Евротип
SNBROKER
To Top