Новости

Фудбал

Македонија е фаворит на ЕП пред Австрија и Украина

Македонската фудбалска репрезентација ги живее најубавите моменти од своето постоење. Подемот кој беше најавен уште со доаѓањето на Игор Ангеловски, а дефинитивно потврден со влегувањето на „златните младинци“, сега е и повеќе од очигледен.

По пласманот на Европското првенство, Македонија синоќа ја совлада и Германија на гостински терен со 1:2, а со тоа ширум ни се отвораат вратите за да бркаме пласман и на Мундијалот во Катар следната година.

Поради сето ова, угледниот британски медиум „Градијан“, во своето најново рангирање, ја постави Македонија како 18-ти фаворит за престојното Европско првенство.

Ова е напредок од цели пет места за избраниците на Ангеловски, а токму победата над Германија е една од главните причини за сето тоа. По несреќниот пораз од Романија и убедливата и рутинска победа над Лихтенштајн, дојде редот за еден голем, џиновски скалп.

Пред ова рангирање, нашата репрезентација беше претпоследна на рангирањето на „Гардијан“, а зад нас беше само Словачка. Сега, ситуацијата е променета, па нашата репрезентација скокна и е пред Австрија и Украина, репрезентации кои ни се конкуренти во Групата Ц на ЕП летово, со што практично ние сме фаворити за второто место во групата и пласман во нокаут фазата, зад Холандија, која напредуваше три места на оваа листа.

Според „Гардијан“, најголем фаворит на престојното ЕП е Белгија, веднаш зад неа е Данска, па следуваат Италија, Англија и Франција. Холандија е на 13, Австрија 21, а Украина на 23-тото место. Германците назадуваа за шест позиции и сега се осми фаворити.

GOLD
To Top