Новости

Фудбал

Македонија има пад од две места на новата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација е на 64. место на најновата ФИФА ранг листа, што е пад од две позиции во однос на претходниот месец.

Овој месец Македонија одигра четири натпревари во Лигата на нации, двапати го победивме Гибралтар, загубивме убедливо од Грузија и одигравме реми против Бугарија.

Таквиот скор ни донесе пад од две места, сега сме 64. со 1.375,2 бода.

Подобри сме од сите ривали во нашата група од Лигата на нации, Бугарија е на 74. место, Грузија е 82., а Гибралтар е 201. место.

Бразил и понатаму е на врвот, а во топ десет се селекциите на Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.

Евротип
SNBROKER
To Top