Новости

Фудбал

Македонија – Косово ќе се игра на 8 септември без публика?

Иако се уште нема официјална одлука од УЕФА, повеќе од извесно е дека натпреварот од полуфиналето во Лигата на нации меѓу Македонија и Косово, ќе се одигра пред празни трибини. Според календарот на УЕФА полуфиналниот бараж дуел ќе се игра на 8 октомври на Националната Арена „Тодор Проески“. Според „Л’Екип“, УЕФА размислува за вакво сценарио и се очекува во најскоро време и официјално да ја потврди оваа одлука. Исто така УЕФА донесе одлука поради пандемијата на коронавирусот, репрезентативните активности во септември и октомври во кои Македонија ќе игра во новото издание на Лигата на нации да се одиграат исто така пред празни трибини.

GOLD
To Top