Новости

Фудбал

Македонија од четвртиот шешир ќе ги чека групите од квалификациите за СП

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) и официјално денес ги објави шеширите за квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Она што се очекуваше денес и официјално доби потврда. Македонија се најде во четвртиот шешир пред ждрепката, па нема да може да игра против селекциите на Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург кои се во истиот шешир заедно со нашата селелција. Кои репрезентации ќе ни бидат противници во овие квалификации за СП 2022 година ќе дознаеме на ждрепката која е закажана за 7 декември во Цирих, со почеток од 18:00 часот.

GOLD
To Top