Новости

Фудбал

Македонија со убедлива победа со 5:0 над Ерменија

Македонска фудбалска репрезентација оствари голема победа против Ерменија во Квалификациите за Светското првенство во Катар догодина.

Во претпоследната рунда од мундијалските квалификации Македонија на гости во Ереван ја победи Ерменија убедливо со 5-0.

Серијата на голови ја отвори Александар Трајковски во 22-минута по акција Ашковски.

Енес Барди кој на овој меч ја имаше капитенската улога, мечот го заврши со хет-три. Првиот свој, а втор гол за нашата селекција го постигна во 36-минута.

Во вториот дел, Барди постигна уште два гола од пенал, во 66-та и 90-тата минута, откако во 53-минута Милан Ристовски беше стрелец на третиот гол, па со конечни и убедливи 5-0 Македонија ја победи Ерменија,

Со овој триумф и освоените бодови Македонија сега е на второто место на табелата со два бода повеќе од Романија која вечерва ја пречекива селекцијата на Исланд, нашиот противник во последното коло закажано за во недела.

ГРУПА Ј – ПРЕТПОСЛЕДНО 9.КОЛО
ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0 – 5
ГЕРМАНИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН 20:45 часот
РОМАНИЈА – ИСЛАНД 20:45 ч.

ТАБЕЛА
1 ГЕРМАНИЈА 21 бодови
2 МАКЕДОНИЈА 14
3 РОМАНИЈА 13
4 ЕРМЕНИЈА 12
5 ИСЛАНД 8
6 ЛИХТЕНШТАЈН 1

ПОСЛЕДНО 10.КОЛО / НЕДЕЛА 14/11/2021
МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД 18:00 часот
ЛИХТЕНШТАЈН – РОМАНИЈА 18:00 ч.

ЕРМЕНИЈА – ГЕРМАНИЈА 18:00 ч.

Евротип
SNBROKER
To Top