Новости

Фудбал

Макс Алегри потпишува нов договор со Јуве

Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, Макс Алегри, ќе го обнови договорот со клубот во јуни. Весникот „Ла Стампа“, кој е во сопственост на фамилијата Ањели, пишува дека новиот договор на стратегот ќе биде до 2020 година.

На овој начин “бјанконерите” ќе им стават крај на шпекулациите дека Алегри ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, за да застане на чело на Барселона или Арсенал.

Алегри е на пат да го изведе Јуве до историски трет дубл во Италија. Во моментов торинци се лидери во Серија “А” со 6 поени предност пред Рома и се во финалето за Купот на Апенините.

Евротип
SNBROKER
To Top