Новости

Фудбал

Манчестер Јунајтед донел одлука – Кристијано Роналдо оди на продажба

Кристијано Роналдо најверојатно нема да игра во Манчестер Јунајтед следната сезона. Ова изгледа се поизвесно, откако раководството на клубот одлучи дека нема да го држи со сила Португалецот, кој очигледно сака да се пресели во друг тим, со кој ќе може да игра во Лигата на шампионите.

Досегашниот став на Јунајтед беше дека нема да го продаваат Португалецот кој има уште 12 месеци од договорот, бидејќи Ерик тен Хаг го планира како еден од клучните играчи за претстојната сезона.
По последните неколку дена, во кои португалскиот интернационалец не се појави на почетокот на тренинзите со „црвените ѓаволи“, наведувајќи ги „семејните причини“ како причина за тоа, на „Олд Трафорд“ одлучија дека тој треба да си замине. Наводно, Ерик тен Хаг веќе ја донел оваа одлука.

Агентите на Роналдо, од друга страна, уште во јануари го известиле Манчестер Јунајтед дека тој нема да остане во тимот доколку не се пласира во Лигата на шампионите.

Се чини дека в петок Кристијано нема да го замине со тимот на претсезонската турнеја во Тајланд, а тоа ќе значи и дефинитивна разделба.

Неговото име се поврзува со Челси, Баерн Минхен, Наполи, Рома, па дури и со Барселона.

Евротип
SNBROKER
To Top