Новости

Фудбал

Мбапе е најскапиот фудбалер на денешницата

Холандската ревизорска компанија КПМГ го објави список на најскапи фудбалери во светот. Конечниот резултат е добиен од неколку фактори, кои вклучуваат нивото на играчот, неговиот статус, времетраењето на договорот и тековната форма. На прво место е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе со цена од 189 милиони евра. Норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е на втората позиција, неговата цена е 131 милиони евра. Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн ја комплетира водечката тројка со цена од 127 милиони евра Најскапите фудбалери на светот според КПМГ:
1 Килијан Мбапе (ПСЖ) – 189 милиони евра;
2 Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) – 131 милиони евра;
3 Хари Кејн (Тотенхем) – 127 милиони евра;
4 Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед) – 121 милиони евра;
5 Рахим Стерлинг (Манчестер Сити) – 119 милиони евра;
6 Нејмар (ПСЖ) – 116 милиони евра;
7 Кевин Де Бруин (Манчестер Сити) – 113 милиони евра;
8-10. Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд) – 110 милиони евра;
8-10. Мохамед Салах (Ливерпул) – 110 милиони евра;
8-10. Трент Александар-Арнолд (Ливерпул) – 110 милиони евра.

GOLD
To Top