Новости

Фудбал

Меси добива доживотен договор во Барселона

Шпанска Барселона и новиот претседател на клубот Жоан Лапорта по секоја цена сакаат да го задржат својот најдобар фудбалер Лионел Меси, чиј договор со Каталонците истекува на крајот на сезонава, па во план е да му понудат – доживотна соработка.

„Ел Мундо Депортиво“, најпознатиот спортски весник во Каталонија и многу близок до Барселона, го објави планот на Лапорта, кој синоќа ја имаше инаугурацијата за прв човек на клубот, кога и заплака, па му се извини на Меси со најава дека же направи сѐ за да го задржи во клубот.

Сега, според најавите Лапорта на Меси ќе му понуди договор со многу помала плата од таа што ја имаше Аргентинецот со претходниот договор, но ќе му даде доживотен договор, со цел да го убеди велемајсторот да остане на „Камп Ноу“, но и со создавање на нов гигантски тим кој ќе може да освојува трофеи, што е и еден од условите на фудбалерот за евентуално да остане.

Наводно преговорите со Меси веќе и се почнати со првични разговори, но дека допрва ќе следуваат конкретни преговори, иако дел од медиуми во Шпанија, како „Ел Конфиденсиал“, веќе објавија дека Аргентинецот ќе остане во Барселона, откако Лапорта победил на изборите пред 11 дена.

GOLD
To Top