Новости

Фудбал

Меси е бесен: Доста ми е од се! (видео)

Лионел Меси се врати во Барселона по репрезентативната пауза која ја помина со Аргентина, а пред шпанските новинари не можеше да се воздржи. „Доста ми е од се. Секогаш сум јас виновникот за сите проблеми во клубот.“ – изјави кратко Меси пред новинарите. Тоа беше негов одговор на изјавата на вујкото на Антоан Гризман и негов поранешен агент, Ерик Олатс. Тој за шпанските медиуми изјави дека Меси е „рак кој ја убива Барселона“ и контролира се во клубот. „Антоан дојде во клубот и веднаш влезе во проблеми, бидејќи клубот функционира на тој начин што Меси има свој став за се. Тој во исто време е цар и монарх, а на доаѓањето на Антоан не гледаше баш позитивно. Беше дрзок, тоа се почувствува. Секогаш слушав за тоа дека Антоан нема проблем со Меси, но никогаш не го слушнав спротивното.“ – изјави Олатс па додаде: „Во моите очи е јасно дека Меси рече дека заминува само да за види колкава е неговата моќ во клубот. Класичен Меси! Колку и да е добар на теренот, толку е лош надвор од него. Барселона веќе некое време пати поради него. Тој е рак за клубот.“
https://twitter.com/FastFati/status/1329151001568407556

 

GOLD
To Top