Новости

Фудбал

Меси урна уште еден рекорд во Шпанскиот шампионат

Kапитенот на фудбалскиот состав Барселона, Лионел Меси, постави личен рекорд по бројот на асистенции во една сезона. Тој на вчерашниот дуел на теренот на Виљареал имаше прицизни додавања кон напаѓачите Суарез и Гризман кои во продолжението од акцијата успеаа да се запишат во листата на стрелците. Со тоа Аргентинецот стигна до 19 успешни додавања со што го подобри лечниот рекорд од сезоните 2010/11 и 2014/15 кога имаше идентичен ефект од 18 асистенции. Меси во тековнава сезона во сите натпреварувања има постигнато 27 голови и 24 успешни додавања по кои е постигнат гол.

GOLD
To Top