Новости

Фудбал

Меси ќе остане во Барселона до 2023 година

Лионел Меси се согласил да потпише две годишен договор со Барселона. Актуелниот договор на Аргентинецот истекува по завршувањето на сезоната.

Минатото лето, незадоволен од се она што во тој период се случуваше во клубот, тој сакаше да ја напушти Барселона. На крајот тој остана, а замина Џозеп Марија Бартомеу. Новиот претседател Џоан Лапорта, по се изгледа успеал во намерите да го задржи Меси во клубот.

Информацијата дека Меси и Барселона постигнале договор ја објави на Твитер, новинарот на ЕСПН, Кристијан Мартин. Овој новинар тврди дека Меси ќе го продолжи договорот до јуни 2023 година.

Исто така, новинарот, објави дека од наредната сезона дресот на Барселона ќе го носи Серхио Агуеро.

GOLD
To Top