Новости

Фудбал

Милан бара намалување на платите за 20 отсто

Раководството на Милан ќе побара од играчите намалување на платите за 20 отсто, објави „Ла Република“.

Таквото решение ќе помогне во справувањето со тешката економска криза предизвикана од епидемијата на новиот коронавирус.

Во октомври гигантот од Милано објави загуба од 195 милиони евра за сезоната 2019/2020.

Во март, кога фудбалот беше суспендиран, играчите на Јувентус се согласија на намалување на платите, што му заштеди на клубот околу 90 милиони евра.

СН Брокер
To Top