Новости

Фудбал

Милевски промовиран во нов селектор на Македонија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешната пресконференција на која беше промовиран новиот селектор на А тимот, Благија Милевски испрати неколку клучни пораки по однос на очекувањата од екипата која летово дебитираше на ЕУРО, а сега ја очекува битка за пласман на СП.

„Вашето знаење, страст и искуство ќе донесе успех, доаѓаш на позиција на нашата репрезентација потполно подготвен за успеси и за нови победи. Ти си човекот кој го регенерираше крвотокот на нашите фудбалери. Тие веќе зад себе имаат палсман на две Европски првенство. Сега е време да покажаме силен карактер. Ви посакувам успех и среќа во сите предизвици кои се пред вас. Јас и УО на ФФМ во целост стоиме зад Вас. Продолжуваме да го градиме најуспешниот спортски колектив во земјава, ФФМ. Боби ти посакувам се најдобро, и иако бројката на дресот е со важноста на договорот, верувам дека ќе соработуваме подолго.“ – изјави Сејдини.

Милевски и ФФМ имаат потпишано договор до 2024 година.

Милевски доаѓа на местото на Игор Ангеловски кој направи историски успех со пласманот на Македонија на Европското првенство.

Македонија има добар старт на квалификациите за Светското првенство, па задача на Благоја Милевски ќе биде да ги продолжи добрите резултати и да избори барем бараж за пласман на Мундијалот.

Евротип
Евротип
To Top