Новости

Фудбал

Министерот за спорт тврди: Роналдо го прекрши протоколот!

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора изјави оти верува дека фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдно ги прекрши здравствените протоколи поврзани со коронавирусот со заминувањето за Португалија, но потоа и со враќањето во Торино. „Да, мислам дека го прекрши протоколот, доколку не постоеле некакви посебни овластувања од надлежните институции.“ – изјави Спадафора. Екипата на Јувентус беше во изолација откако два членови беа заразени со коронавирусот, но на Роналдо и уште шестмина им беше дозволено да го напуштат тимот и да се приклучат на своите репрезентации. По тоа, Роналдо одигра два натпревари за селекцијата на Португалија, пред да биде позитивно тестиран на коронавирус. Тој потоа беше одделен од националниот тим, а во Торино се врати со авион за медицинска евакуација. Роналдо ќе ги пропушти натпреварите со Кротоне и Динамо Киев, а неизвесно е неговото враќање за дуелот со Барселона на 28. октомври.

GOLD
To Top