Новости

Фудбал

Можен крај на сезоната за Педри

Младата ѕвезда на Барселона,Педри најверојатно нема да игра до крајот на сезоната. 19-годишниот фудбалер се повреди во натпреварот од Лига Европа со Ајнтрахт Франкфурт кој заврши со пораз на Барса од 2:3. Според информациите, Педри има скинат мускул и ќе му треба подолг период за закрепнување. Првичните прегледи направени врз шпанскиот репрезентативец не влеваат преголем оптимизам.

„Ме загрижува ситуацијата со Педри, но треба да почекаме поконкретни информации. Во секој случај, ова е многу лоша вест“, изјави тренерот Чави по натпреварот.

Евротип
SNBROKER
To Top