Новости

Фудбал

Навивачите на Македонија нема да можат да патуваат во Амстердам на ЕП за мечот со Холандија

За разлика од Букурешт, македонските навивачи нема да можат да патуваат во Амстердам за да ја бодрат нашата репрезентација, ова го потврди и амбасадата на Холандија во Македонија.

Оние кои добија карти за дуелот меѓу Холандија и Македонија нема да можат да ги искористат, нема да можат да патуваат во Амстердам затоа што нашата земја се уште е на листата на држави за кои е забранет влез поради ковид-19.

-Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување“, стои во соопштението на холандската амбасада во Македонија.

И покрај ова се очекува Македонија да има навивиачи кои ќе ја бодрат во Амстердам, таму ќе можат да одат Македонци кои живеат и работат во ЕУ.

Натпреварот меѓу Холандија и Македонија се игра на 21. јуни.

 

GOLD
To Top