Новости

Фудбал

Напаѓачите оставиле писмо пред експлозијата во Дортмунд

Германската полиција трага по организаторите на вчерашниот терористички напад врз фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд во кој беше повреден еден играч и еден полицаец. Истрагата се фокусира врз писмото во кое се презема одговорност за нападот а медиумите веќе ја имаат приказната.

Тие пренесоа дека три експлозивни направи биле поставени во грумушка покрај патот и дека на истото место било пронајдено писмо. Во него е напишано дека мета на напаѓачите бил автобусот на Борусија Дортмунд и дека се прифаќа одговорноста за терористичкиот чин.

Во истиот со полесни повреди се здоби Марк Бартра кој е хоспитализиран и се наоѓа во добра состојба. Мечот меѓу Борусија и Монако е презакажан за денеска од 18,45 часот.

GOLD
To Top