Новости

Фудбал

Најтажниот „Боксинг деј“ во историјата!

Најубавиот празник на фудбалот, а посебно на Островото е 26. декември, познат како „Боксинг деј“. Првиот ден после Божиќ, река на навивачи, фамилијарно, во кругот на пријателите и роднините се упатуваат на натпреварот на својот омилен клуб. Тогаш се играат и најголемиот број на натпревари во една земја годишно, во превод, игра ама баш секој клуб од најнизок до највисок ранг. И баш поради тоа, денеска кога на трибините не смеат да присуствуваат навивачи, ова е најтажниот „Боксинг деј“ во историјата на фудбалот! Поради пандемијата на коронавирусот, само градот Ливерпул смее да ги отвори вратите за навивачи и тоа за максимум 2 илјади среќници кои ќе можат да присуствуваат на натпревар. Само на утрешниот меч помеѓу Ливерпул и ВБА, како и во понеделник кога ќе се сретнат Евертон и Манчестер Сити, ќе можат да присуствуваат по две илјади навивачи. Сите останати градови се практично „затворени“.

СН Брокер
To Top