Новости

Фудбал

Несторовски се приклучи на репрезентацијата, ќе патува во Букурешт и Амстердам

Илија Несторовски од денеска е заедно со своите соиграчи од репрезентацијата на Македонија, тој ќе биде со нив во текот на целиот настап на Европското првенство.

Поради повредата на коленото Несторовски го пропушта Европското првенство, нема да може да настапи и да го даде својот придонес на теренот.

Но на покана на селекторот Ангеловски тој ќе биде цело време со репрезентативците како поддршка за нив.

Несторовски ќе патува за Букурешт и Амстердам, селекторот смета дека тоа може само позитивно да влијае на атмосферата во репрезентацијата. 

Евротип
SNBROKER
To Top