Новости

Фудбал

Никола Радовиќ за посилен Пелистер

Нападот на тимот на Пелистер на пролет ќе биде предводен од досегашниот шпиц на тимот на Борец, србинот Никола Радовиќ. Тој зимава си ги подигна документите од Велес, и слободен е да ја промени средината, но очигледно дека нема да го промени шампионатот.

Во Битола имаа проблем со ефикасноста, а очигледно дека решија истиот да го решат со Радовиќ.

Тој во Борец играше забележителна улога заедно со Никола Прелчец во нападот, особено минатата сезона, онаа недовршената, а есеноска постигна голови против Вардар во првото коло.

Евротип
SNBROKER
To Top