Новости

Фудбал

Ниту Скопје, ниту Прилеп: Баражот меѓу Воска и Тиквеш ќе се игра во Струмица

Бараж натпреварот меѓу екипите на Тиквеш и Воска кој е закажан за на 22 мај во 17:00 часот, нема да се игра ниту во Скопје, ниту во Припел. Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека на зеднички состанок на Комисијата за безбедност и Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) беше донесена одлуката овој натпревар да се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.

„ФФМ преку Комисијата за безбедност испрати допис до МВР со барање информации во делот на преземање на безбедносни мерки за се одигра во најдобар ред бараж мечот Тиквеш – Воска и Комисијата за натпреварување ќе постапи согласно добиените информации. Како Фудбалска федерација на Македонија упатуваме благодарност до Министерството за внатрешни работи за конструктивната соработка како што била и досега.

Веруваме дека со применување на прописите и почитувањето на превентивните мерки од надлежните институции и тела се гарантира вистински фудбалски спектакл. Фудбалската федерација на Македонија ќе направи сѐ што е во надлежност на федерацијата, двата бараж натпревари да се одиграат во спортска, фер и коректна атмосфера. Нѐ радува тоа што интересот на публиката за овие натпревари е огромен. Тоа потврдува дека сме на вистинскиот пат. Фудбалот победува“, велат од ФФМ.

Покрај дуелот меѓу Воска Спорт и Тиквеш, за прволигашки статус в недела во Штип ќе се борат и екипите на Беласица и Скопје.

Евротип
SNBROKER
To Top