Новости

Фудбал

Обамејанг добива астрономска плата во Арсенал

Челниците на Арсенал ќе мора да го „одврзат ќесето“ ако сакаат на „Емирати“ да го задржат најдобриот сезонава, напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг. „Топчиите“ сакаат да го задржат Обамејанг и за тоа се подготвени да му даваат неделна плата од 250.000 фунти. Со актуелниот договор репрезентативецот на Габон добива по 180.000 фунти неделно, но во Арсенал се загрижени затоа што неговиот договор истекува веќе следната година. Менаџерот Микел Артета во Обамејанг гледа централна фигура во својот проект иако подолго време се шират шпекулации за негов трансфер во Реал Мадрид, Барселона…

GOLD
To Top