Новости

Фудбал

Обамејанг ја откри причината зошто остана во Арсенал

Пјер-Емерик Обамејанг имаше намера да го напушти Арсенал ова лето, но ја промени неговата одлука поради тренерот Микел Артета. Барселона имаше конкретна понуда за овој напаѓач, а интерес постоеше и од милански Интер. Меѓутоа, Обамејанг одлучи да остане и потпиша нов тригодишен договор со Арсенал. 31-годишниот напаѓач беше клучна фигура во походот на Арсенал кон титула во ФА Купот минатата сезона. Колку е важен за својата екипа, покажа и во првото коло од Премиерлигата, кога беше стрелец во победата над Фулам. „Две причини ме убедија да останам. Првата е Микел Артета, бидејќи донесе многу позитива во тимот, како и нова философија. Мислам дека тоа е важно, бидејќи се пронаоѓам во неа со мојот стил на игра. Чувствувам дека можам да напредувам со него. Мислам дека тоа беше клучен фактор, како и љубовта која ја добивам од навивачите и целиот клуб. Сите се добри кон мене, така што се чувствувам како дома и затоа останав.“ – вели Обамејанг. Тој откри и одредени детали од разговорот со Артета, кој го убедуваше да остане. „Во разговорот со него зборував како напредувам откако е тој тренер и дека ми се допаѓа неговата философија, додека тој ми кажа дека е уверен дека можам да оставам наследство во клубот. Ми зборуваше дека можам да одам по трофеи во големи клубови, но дека можам да креирам историја во овој сјаен клуб. Тоа беше клучната порака по која одлучив да останам.“ – истакна напаѓачот на Арсенал.

GOLD
To Top