Новости

Фудбал

Одземени шест бода на ЛАСК Линц заради непочитување на мерките за тренинзи во пандемија

Фудбалскиот сојуз на Австрија го казни ЛАСК со одземање на шест бода и 75.000 евра, заради непочитување на мерките за социјално дистанцирање на тренинзите. Откако снимки од тренинзите протекоа во јавноста, против клубот беше покрената дисциплинска постапка. Со одземањето на шест бода екипата која беше лидер на табелата падна на второто место и во плеј- офот за титулата влегува со три поени помалку од Салцбург. Сезоната во Австрија ќе продолжи на 1 јуни.

GOLD
To Top