Од декември фановите се враќаат на спортските борилишта во Англија

Британската влада донесе одлука за ублажување на дел од мерките во врска со присуството на спортски настани на отворено, а од 2 декември некои од спортските објекти, вклучително и фудбалските стадиони, ќе бидат отворени за гледачите. Планот е веќе одобрен, а вечерва премиерот Борис Џонсон ќе го објави во јавноста. Според планот, ова ќе се случи во т.н. Зона 1 и зона 2, кои ги опфаќаат областите каде ширењето на ковид-19 е најконтролирано. Стадионите од прва категорија ќе дозволат максимум 4.000 гледачи, додека оние од втората – до 2.000 гледачи. Во областите на зоната 3 спортските објекти ќе останат затворени. Според англиските медиуми, само два стадиона во Премиер лигата – оние на Брајтон и Саутемптон, влегуваат во зоната 1 и тие можат да дозволат максимален број од 4.000 поддржувачи.
