Новости

Фудбал

Пандев го пропуштил тренингот во Амстердам поради повредата на зглобот

Македонската фудбалска репрезентација во некомплетен состав тренираше претпладнево во Амстердам спроти завршниот натпревар на ЕУРО2020 против Холандија.

Претпладневната сесија на тренингот центарот на холандскиот прволигаш Ајакс ја пропушти капитенот Горан Пандев поради проблеми со зглобот.

Дуелот од третото коло во групата Ц меѓу македонската и холандската репрезентација е на програмата в понеделникот со почеток од 18 часот на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам.

За избраниците на Игор Ангеловски тоа воедно ќе биде и последниот натпревар на дебитантскиот настап на Европските првенства, откако по завчерашниот триумф на Холандија над Австрија (2:0) „црвено – жолтите“ останаа без шанси за пласман во нокаут фазата.

И покрај тоа, амбициите и мотивираноста кај македонските фудбалери се на високо ниво во обид против фаворизираната Холандија да ја забележат првата победа на ЕУРО2020.

Евротип
Евротип
To Top