Новости

Фудбал

Пандев обезбеди опстанок во Серија А, дали ќе се радува и со Македонија?

Капитенот на македонската репрезентација и фудбалер на Џенова, Горан Пандев на почетокот од годинава изјави дека има две желби, опстанок со неговиот клуб во најсилното италијанско натпреварување и пласман со репрезентацијата на ЕУРО 2020, кое поради пандемијата на коронавирусот е одложено за наредната година. Џенова синоќа славеше со 3-0 против Верона со што го осигура опстанокот во Серија А, а Пандев беше асистент за еден од погодоците. Втората желба на Пандев е пласман на Македонија на ЕУРО 2020, прва пречка е Косово во Скопје на 8 октомври, како дел од полуфиналето од Лигата на Нации. Доколку го победиме Косово, на 12 ноември ќе играме со подобриот од Грузија и Белорусија во финалето за пласман на континенталниот шампионат.

GOLD
To Top