Новости

Фудбал

Панчев: Нема што да изгубиме на ЕП, Македонија има четири извонредни играчи

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Панчев вели дека нашата А селекција не треба да се задоволи само со учеството на Европското првенство.

– Не е тоа некоја претерано силна група. Можеме да направиме едно убаво изненадување. Холандија е единствената репрезентација екстра класа. Со Австрија и Украина апсолутно може да се игра. Ова е одлична можност пред Европа да го покажеме високиот квалитет. Нема што да изгубиме, иако никој од нас не очекува ништо – вели Панчев.

Панчев гледа особено многу голем квалитет во средниот ред на македонската репрезентација:

– Таму имаме четворица извонредни играчи. Нив ги води Аријан Адеми, кој е капитен на Динамо Загреб. Тука се и Енис Барди, Езџан Алиоски и Елиф Елмас од Наполи, кој е еден од најголемите таленти на овие простори. Со сите можат да се надигруваат – додава Панчев. 

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Југославија, имаше можност да го почувствува учеството на едно големо натпреварување, Светското првенство во Италија во 1990 година:

– Тоа е незаборавно искуство. Можам да им кажам на нашите играчи да уживаат во секој момент. Само доколку се опуштени, тие ќе можат да се покажат во вистинско светло – се зборовите на Панчев на „sportklub.rs

GOLD
To Top