Новости

Фудбал

Панчев: Поднесов оставка кога видов дека немаат намера да створат моќен Вардар

Испаѓањето на Вардар во Втората лига и понатаму е тема на спортската јавност на просторите на поранешна Југославија. Дарко Панчев, во интервју за „Моцарт спорт“, открива што се случувало во клубот, во периодот кога тој бил спортски директор. „Кога се пласиравме во Лигата на Европа им кажав на луѓто во клубот дека немаме тим кој може да биде конкурентен. Добивме пет милиони евра од УЕФА, со тие пари можевме да го проектираме буџетот за наредните три сезони. За условите во македонскиот фудбал тоа се големи пари. Јас не ја препознав желбата кај нив дека сакаат да работат на засилување на тимот. И бев во право. Реал Сосиедад ни даде шест, Зенит пет гола. Само со Розенборг одигравме нерешено на домашен терен“, рекол Панчев. Европскиот и светски првак со Црвена Звезда, вели дека клуб со традиција каков што е Вардар мора да ја има поддршката и од државата.

GOLD
To Top