Новости

Фудбал

Пелистер го претстави новото засилување во нападот

Битолскиот прволигаш Пелистер ангажираше уште едно ново име во пресрет на враќањето во елитата и продолжува со засилувањето на тимот за новата сезона. Нов член на „зелено-белите“ е српскиот интернационалец Анес Хот. Тој доаѓа од тимот на Нови Пазар, а во кариерата има настапувано и за уште неколку српски нисколигаши. Анес Хот веќе тренираше со своите нови соиграчи и им се придружува на Давор Талески, Ѓорѓи Танушев, Дарко Илиески, Валентин Кочоски, Кристијан Николовски и Иван Пејаковиќ, кои исто така ова лето пристигнаа под „Тумбе кафе“.

GOLD
To Top