Новости

Фудбал

Пеп Гвардиола НИКОГАШ не бил вака понижен!

Во второто коло од Премиерлигата, Лестер на гостувањето на Етихад го „размонтира“ Манчестер Сити со резултат 2:5. Ова е историски еден од најтешките порази за клубот, а воедно и рекордно тежок пораз за Пеп Гвардиола. Натпреварот беше вистинско ремек-дело на Брендан Роџерс, кој целосно го надмудри Пеп Гвардиола, кој според многумина е еден од најдобрите тренери на сите времиња. Имено, Гвардиола за прв пат во својата тренерска кариера, во 686. натпревар во кој води некој клуб, прими пет погодоци. Исто така, ова беше прв пат по одиграни 438 натпревари на Етихад за Манчестер Сити, на свој терен да прими пет погодоци. Ова е прв пат за клубот од 1990. година да биде поразен во првиот првенствен натпревар на домашен терен. Лестер на овој натпревар постави уште еден рекорд во Премиерлигата, станувајќи првата екипа која на еден натпревар постигнала три погодоци од пенали.

GOLD
To Top