Новости

Фудбал

Пирло ги врати суспендираните за дербито со Наполи

Јувентус веднаш започна со подготовки за новиот меч со Наполи по ремито 2-2 со Торино. Интересно, во групата која се појави на тренинг беа и Пауло Дибала, Вестон Мекени и Артур Мело.
Тројцата играчи беа казнети и изоставени од торинското дерби поради кршење на ковид-19 протоколите минатата недела.
Андреа Пирло реши да ги пречека тројцата играчи во групата по локалното дерби, бидејќи „бјанконерите“ се подготвуваат за средбата во среда против Наполи. Наполи доаѓа на „Алијанц“ арена за да го одиграат одложениот натпревар од октомври минатата година, а дуелот ќе биде важен за двете страни во борбата за пласман во Лигата на шампионите

GOLD
To Top