Новости

Фудбал

Пирло: Дибала го заслужи голот и мојата доверба

Јувентус не ја повтори играта од победата против Барселона, но успеа да ја победи Џенова и да го намали притисокот врз себе, но и на тренерот дебитант Андреа Пирло. По успешното гостување на „Луиџи Ферарис“, Пирло зборувал пред камерите на „Скај Спорт Италија“ и кратко го анализирал натпреварот. „Менталитетот беше најважен затоа што моравме да ја избришеме победата над Барселона од нашите глави. Игравме против тим кој добро се брани, па беше потребно трпение за да ги пробиеме, но истовремено и да ги напаѓаме веднаш штом ја загубиме топката. Штета што примивме гол од првиот нивен удар кон голот, посебно што истиот дојде само што поведовме, но успеавме да се вратиме по тој момент“, смета Пирло.

GOLD
To Top