Новости

Фудбал

Победата над Торино ја посветуваме на Флоренци

Тренерот на Рома, Лучијано Спалети ја посвети победата над Торино (4:1) на повредениот Алесандро Флоренци.

Како што е познато, крилото на Рома треба да се подложат на нова операција на коленото и ќе отсуствува уште долго од фудбалските терени. Неговите соиграчи пак демонстрираа одлична игра и запишаа нов успех во Серија А.

„Покажавме добра игра вечерва. Се плашев дека по победата со 4:0 над Виљареал може да има опуштање во нашите редови, но се радувам дека тоа не се случи. Дојдовме до рана предност од два гола, а можеше да постигнеме и уште . Не треба да мислиме дека предност од 2:0 е доволна. За да се бориме со Наполи, Интер, Милан и дури Јувентус, треба да го подобруваме секој аспект во својата игра. Сите треба да го земат примерот од Франческо Тоти. Навикнати сме тој да е тука, но време е да се најде следниот Тоти. Убаво е да имаме повеќе од еден лидер во тимот”, изјави Спалети.

Играчите излегоа со маички на кои беше напишан бројот 24 на ракавите во чест на Флоренци. „Ја посветивме оваа победа на Флоренци. Излеговме со неговиот број на ракавите, за да покаже дека тој е со нас, како во соблекувалната, така и на теренот. Сите знаеме каков играч и човек е тој”, додаде тренерот.

GOLD
To Top