Новости

Фудбал

Поради бизарна причина, Рома остана без бодови против Верона!

Натпреварот од првото коло од Серија А помеѓу Верона и Рома, која беше завршена без голови, регистрирана е со резултат 3:0 во корист на Верона, по одлуката на италијанскиот спортски суд. Римскиот клуб така остана без освоениот бод, поради несфатливиот пропуст на луѓето од клубот кои се задолжени за регистрација на играчите. Имено, Рома на службениот попис од 25 играчи го стави Амаду Диавара. Тоа не би било проблем за Рома, доколку интернационалецот од Гана беше помлад од 22 години, а тој има 23. Диавара беше стартер и го одигра целиот натпревар, а поради административната грешка, Рома во продолжението од сезоната ќе остане без освоениот бод. Клуб со голема традиција како Рома не би смеел да прави вакви грешки, но веќе подолго време клубот од Олимпико е во проблеми, а ова беше само круна на хаотичната состојба.

GOLD
To Top