Новости

Фудбал

Поранешниот играч на Милан стана милијардер и ќе игра за Берлускони

Францускиот играч за врска, Метју Фламини би можел да се врати на фудбалот, откако се повлече на крајот од минатата сезона. Некогашниот фудбалер на Арсенал и Милан е блиску до трансфер во италијанскиот клуб Монца, чии сопственици се Силвио Берлускони и Адриано Галијани, кои тој клуб сакаат да го однесат до Серија А и да се борат за врвот на италијанскиот фудбал. „Со нив имам одличен однос. Би било убаво со Монца да се избори пласман во Серија А.“ – вели Фламини. Освен што е фудбалер, тој има и свој бизнис. Тој воедно е и милијардер, со оглед на тоа што пред 11 години вложи милион евра во фабриката ГФ Биохемикалии. Единствено неговата компанија има производи кои можат да ја заменат нафтата, вработува повеќе од 400 луѓе и вреди преку 20 милијарди фунти.

GOLD
To Top