Новости

Фудбал

Прволигашките натпревари ќе се играат од 16:00 часот

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија го промени терминот за почетокот на мечевите во претстојниот викенд откако кризниот штаб ги олесни рестриктивните мерки а полицискиот час започнува во 23:00 часот. Тоа значи дека мечевите од 26 коло во двете втори лиги (сабота) и средбите од 32.коло во ПМФЛ ќе стартуваат во 16:00 часот. ФФМ ќе ги плати сите ПЦР тестови на играчите, тренерите и службените лица за натпреварите во Првата и двете втори лиги. ФФМ ги одреди и судиите за 32. коло во ПМФЛ кое ќе биде в недела. Дејан Јакимовски ќе ја дели правдата на мечот во Струмица меѓу градските ривали Беласица и Академија Пандев, додека сребата Македонија ЃШ и Шкендија ќе ја суди Игор Стојчевски од Скопје.

GOLD
To Top