Новости

Фудбал

Пред седум години го освоија ФА Купот, сега се пред банкрот

Англискиот второлигаша Виган ја започна постапката за стечај поради големи насобрани долгови. Како што пишуваат британските медиуми, кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот значајно влијаеше на случувањата во клубот. Билансот на клубот покажува загуба од 9,2 милиони фунти за 2019 година кога е објавен финансискиот извештај. Виган одлично започна во продолжувањето на сезоната во Чемпионшип, победувајќи во три натпревари по ред, во моментот се наоѓа на 14. место со 50 бодови, но според правилата на англиската лига, клубот кој заминува во стечај се казнува со одземање на 12 бодови. Тие бодови, најверојатно ќе им бидат одземени на Виган на почетокот на наредната сезона. Виган својот најголем успех го оствари во 2013 година освојувајќи го ФА Купот, кога во финалето го победи Манчестер Сити со погодокот на Бен Вотсон во судиското надополнување. Тогашен тренер на клубот беше Роберто Мартинез, сегашниот селектор на Белгија.

GOLD
To Top