Новости

Фудбал

Премиер лигата ќе му дозволи на шампионот да го прослават трофејот по доделувањето

Се очекува враќање на натпреварувачката сезона 2019/20 во најсилното англиско првенство. Ливерпул е многу блиску до освојување на титулата, а голема дилема е дали ќе се одржи традиционалната церемонија на доделувањето на трофејот, кога ќе заврши шампионатот. „Би сакале да им дадеме можност на шампионите да го доживеат свечениот момент. Доколку бидат безбедни околностите, можеме истата да ја организирам“, рече извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс. На „црвените“ им се потребни уште само две победи во преостанатите десет натпревари до крајот на сезоната која според најавите ќе заврши без гледачи на трибините.

GOLD
To Top