Новости

Фудбал

Претседателот на Атлетико го покани Меси на гости за Божиќ

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Церезо во интервју за една од најслушаните радио станици во Шпанија објави дека сака да го доведе Лионел Меси! Капитенот на Барселона, кој воедно е најдобар стрелец во историјата на клубот и негов симбол, ова лето сакаше да замине од Барселона, огорчен од неспособноста и интригитена управата, пред се од претседателот Бертомеу. Тој жестоко ја критикуваше управата и за бркањето на Луис Суарез, кој е негов голем пријател. Суарез својот нов клуб го пронајде во Атлетико, каде дебитираше со два гола и една асистенција. Церезо во изјава за Суарез и ситуацијата на Меси кажа: „Ако нешто сакате, се е можно. Ако Лео Меси сака повторно да игра со Луис Суарез, му порачувам она што го пишува на бонбоните од бадем, да дојде дома за Божиќ. За појаснување, крајот на пораката на Церезо е од слоганот на Ел Алмендра, познатиот произведувач на благо од бадем, кои во таа земја се јадат најмногу за Божиќ.

GOLD
To Top