Новости

Фудбал

Промени во ФК „Победа“: Емил Јанески нов претседател, Благоја Гешоски спортски директор на клубот

Благоја Гешоски, Кире Oвезоски и Зоран Мирчески членови на ФК Победа се новите сопственици на 80% од акциите на клубот.

За претседател на клубот е избран Емил Јанески, а за спортски директор Благоја Гешоски. Формирано е и координатиивно тело составено од 9 членови: градоначалникот Илија Јованоски, тројцата фудбалски работници кои ги примија акциите од клубот како подарок и 5-те членови од Прилеп кои се делегати во ФФМ. Во коордиинативното тело ќе биле вклучени и членови од навивачката група и легенди поврзани со Победа.

-„Како градоначалник на општина Прилеп, формирав координативно тело кое е составено од 9 членови, во кое покрај мене, членуваат и тројцата фудбалски работници од клубот кои ги примија акциите како подарок од акционерите, како и петте членови на Фудбалскиот сојуз од Прилеп кои се делегати во ФФМ. На првиот координативен состанок, се договоривме дека од тој момент нема да има политика во ФК ‘Победа’ и дека наш врвен приоритет ќе биде интересот на клубот, на љубителите на фудбалот и на целата прилепска спортска јавност. Сите одлуки ќе ги носиме со консезус, а не со надгласување. На состанокот, двата мои предлога беа едногласно усвоени, со што за претседател на клубот беше избран Емил Јанески, а за спортски директор Благоја Гешоски, кои заедно со актуелниот тренер на ФК ‘Победа’, Дарко Крстески, ќе го водат клубот до крајот на првенството“, изјави градоначалникот Јованоски.

Јованоски нагласи дека во координативното тело ќе бидат вклучени и легенди на „Победа“ кои значат многу за фудбалот во градот и пошироко, како и членови од навивачките групи.

Победа се наоѓа на осмото место во ВМФЛ-Исток со 17 освоени бода по 22 одиграни средби.

GOLD
To Top