Новости

Фудбал

ПСЖ и Челзи ги почнаа преговорите со Санчез

Претставници на ПСЖ и Челзи започнале преговори за привлекување на голгетерот на Арсенал Алексис Санчез, соопштија медиумите во Англија.

Разговорите сепак се водат со агентот на чилеанскиот репрезентативец, а не со раководството на „топџиите”. Алексис нема да го обнови договорот со Арсенал, а клубот од северен Лондон сака да го продаде на ПСЖ, а не на градскиот ривал Челзи. Самиот фудбалер исто така има желба да премине во францускиот шампион. Евентуалната зделка се проценува на 50 милиони евра.

Санчез е во Арсенал од 2014 година, кога беше купен од Барселона. Во оваа сезона тој има одиграно 39 натпревари и постигнато 22 гола во сите натпреварувања.

GOLD
To Top