Новости

Фудбал

Реал го враќа Регуилон ова лето

Фудбалерот, Серхио Регулион, кој му беше продаден на Тотенхем во летниот преоден рок, може да се врати во редовите на Реал Мадрид, објавија медиумите во Шпанија. 23-годишниот дефанзивец се пресели во Англија за 30 милиони евра, но, во неговиот договор има клаузула за враќање кај „белите“ за околу 45 милиони евра. Бидејќи Марсело сигурно ќе си замине од „Сантијаго Бернебе“, челниците на тимот размислуваат да го вратат брзоногиот бек кој има добра сезона кај „спарси“.

GOLD
To Top