Новости

Фудбал

Решена судбината на Погба!

Пол Погба дефинитивно имаше сезона за заборав. Често беше повреден, а и со шпекулациите околу неговата иднина во клубот, французинот забележа само 16 натпревари во Премиерлигата, вкупно настапи на 22 натпревари, постигнувајќи еден погодок и четири асистенции. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед има договор до август наредната година, во текот на сезоната се спомнуваше можно враќање во Јувентус, но и трансфер во Реал Мадрид. Деновиве се огласи неговиот агент Мино Раиола околу неговата иднина. „Погба ќе остане во Манчестер Јунајтед. Тој е клучен играч за клубот, имаат важен проект и тој е 100% во него. Јунајтед нема да прифати никакви понуди за него ова лето. Ќе разговараме за нов договор наскоро.“ – изјави Раиола. Јунајтед од наредната сезона се враќа во Лигата на шампионите, а очекуваме тандемот Бруно- Погба да биде во полн сјај.

GOLD
To Top